Нема крај на проблемите за Дани Алвеш, на поранешниот клуб му е должен милиони

Дани Алвеш, легендарниот бразилски фудбалер кој доживеа голема слава настапувајќи за Барселона по заминувањето од каталонскиот тим ги живее најтешките години во животот.

Алвеш помина повеќе од една годива во затвор во Шпанија по обвинение за силување во ноќен клуб во Барселона, а и покрај тоа што беше осуден на четири и пол години затворска казна, беше ослободен од Апелациониот суд па се врати на слобода.

Но, за неговите проблеми нема крај бидејќи сега Спортскиот арбитражен суд донесе пресуда против него во правниот спор со неговиот последен клуб, мексиканскиот Пумас кој го тужеше за нанесена штета.

Клубот во 2023 година го отпушти Алвеш по обвинението за силување, а во 2024 година започна правната постапка.

Бразилецот повторно го тужеше клубот за еднострано и неправедно раскнување на договорот, барајќи да му биде исплатен договорот во целост, но тоа нема да биде случајот.

Напротив, по пресудата против него тој е должен да исплати од два до пет милиони евра, пренесуваат мексиканските медиуми.

Се вчитува...