Жозе Мурињо беше промовиран во нов тренер на Бенфика. После 25 години се врати во екипата, откако потоа седна и на клупата на лутиот ривал Порто, со кого ја освои Лигата на шампионите.
На промоцијата „специјалниот“ зборуваше за отказот во Фенер, како и за преземањето на Бенфика.
„Идеално за мене е што повторно ќе го тренирам еден од најдобрите тимови на светот. Имав боагата кариера во некои од најдобрите клубови во различни земји. Некогаш носев и лоши одлуки. Но, не жалам за ништо“, изјави Мурињо, кој на прашањето кој клуб му бил грешка, одговори:
„Направив грешка што отидов во Фенербахче. Не беше тоа на моето ниво, ниту културно, ниту фудбалско. Секако, дадов се од себе до последниот ден. Бев вознемирен од отказот, исто како и Бруно Лаж, затоа што никој не сака да си оди, но враќањето во Бенфика значи враќање на моето ниво, тренирање на еден од најдобрите клубови“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

