Даглас Коста е осуден на затворска казна, клубот веднаш го избрка

Поранешниот бразилски репрезентативец Даглас Коста доби налог за апсење од 6-тиот Семеен суд во Порто Алегре, објави „Глобо“.

Причината за оваа судска одлука е тоа што 35-годишниот играч не ја платил должната издршка за дете во износ од речиси 80 илјади евра. Затоа, Коста мора да биде приведен од локалните власти и да отслужи 30-дневна казна затвор. За Коста, ова е втора таква казна за истото дело, а претходната е од 2023 година.

Поради наредбата, неговиот поранешен клуб Сиднеј ФК веднаш објави дека се разделува од искусниот фудбалер.

„Сиднеј го раскина договорот со Даглас Коста по меѓусебна согласност бидејќи крилниот напаѓач не може да патува во Австралија. Правни и лични проблеми во неговата родна земја го спречија Бразилецот да ја напушти земјата“, се вели во соопштението на австралискиот клуб.

Напаѓачот во својата кариера играше за Гремио, Шахтјор Донецк, Баерн Минхен, Јувентус, Лос Анџелес Галакси и Флуминенсе.

Се вчитува...