Победничката серија на Јувентус од стартот на сезонава во Серија А беше прекината со ремито на гостувањето против Верона, а тренерот Игор Тудор не го криеше разочарувањето од арбитражата на овој меч.
Јуве поведе преку Консеисао во раната фаза од мечот, но остана без трите бода поради пеналот што беше досуден пред крајот на првото полувреме за домашниот тим. Пенал што според Тудор, воопшто не требало да биде досуден.
„Пеналот за Верона беше за срамота. Како можеш да покажеш на бела точка за такво нешто. Ако некој воопшто не ја гледа топката, што треба да направи…. вакви пенали не постојат, а можат да ги досудат само луѓе кои никогаш не играле фудбал. Имаше и удар со лакотот во лицето на Гати, ако тоа не беше за црвен картон, навистина не знам што е исклучување. Срамота, со ВАР во денешно време, две вакви одлуки… не сакам да барам изговори, но ваквите натпревари се решаваат со вакви одлуки“, изјави Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

