Италијанскиот фудбал е во слободен пад, тоа е очигледно и по резултатите на репрезентацијата во последните две-три години, а екс-селекторот Чезаре Прандели смета дека тоа се должи на погрешната работа на стручните лица повеќе од една деценија наназад.
Шпанија извади тотално нова генерација со која лани стигна до европската круна, во главна улога е Ламин Јамал, а Прандели во интервју за „Кориере“ истакна дека Италија не само што нема таков талент, туку дури и да го имала, би го упропастила и не би му дозволила да блесне во сиот свој сјај.
„Одговорно тврдам, ако Јамал беше Италијанец, тој немаше да биде толку добар бидејќи ќе го упропастевме. Тоа е реалноста, нашите тренери ги дават фудбалерите, особено оние помладите со толку многу тактика, со ригидни дефанзивни шеми и формации, со затворање на простор како приоритет…. го правиме тоа повеќе од десет години наназад, па шокирани сме кога сите напредуваат, а ние се движиме во спротивна насока“, критичен е Чезаре Прандели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

