Крај на една ера: Легендата на Барселона заминува во пензија

Легендата на Барселона кој последните две години настапува за Интер Мајами, Серхио Бускетс планира да се пензионира од професионален фудбал на крајот на сезоната со истекот на договорот, пренесуваат американските медиуми.

Сега 37-годишникот најголемиот дел од кариерата ја помина во редовите на Барселона. За првиот тим дебитираше во 2008 година и каталонскиот дрес го носеше до 2023 година освојувајќи 32 трофеи.

Бускетс се закити и со титулата светски и европски шампион со репрезентацијата на Шпанија за која забележа 143 настапи.

Се вчитува...