Катастрофа за ПСВ Ајндховен: Крај на сезоната за најголемото летно засилување

ПСВ Ајндховен ремизираше 2-2 во големото холандско дерби против Ајакс, но уште поголем проблем од загубените два бода претставува повредата на Рубен ван Бомел.

Станува збор за 21-годишен напаѓач кој беше најголемо летно засилување на ПСВ откако пристигна од АЗ Алкмар, Рубен настапува на позицијата лево крило каде беше прва опција за холандскиот шампион, но дербито со Ајакс се покажа кобно за него.

„Марк ван Бомел заработи тешка повреда на коленото на неделниот меч со Ајакс. Овој 21-годишен голгетер најверојатно нема да се врати на терените до крајот на сезонава“, објави ПСВ преку клупско соопштение.

ПСВ Ајндховен по шест одиграни рунди се наоѓа на второто место на табелата со 13 освоени бода, три помалку од лидерот Феенорд.

Се вчитува...