Жозе Мурињо го прифати предизвикот да се врати назад на клупата на Бефика, но португалскиот стратег не крие дека ќе му бидат потребни и нови фудбалери за да ја оствари зацртаната цел – да ја врати титулата во витрините на гигантот од Лисабон.
Како што јавуваат португалските медиуми, голема желба на Мурињо е да потпише договор со Карим Бензема, голгетерот со кого имаше беспрекорна соработка во Реал Мадрид. Французинот има 37 години и е на залезот од кариерата, но Мурињо верува дека токму ас со шампионски менталитет како Бензема е она што му недостига на овој неискусен тим на Бефика.
Бензема влезе во последната година од договорот со Ал Итихад, во јануари ќе биде на шест месеци до истекот од договорот, па во Бефика се уверени дека би можеле да го осигураат неговиот потпис за отштета од пет милиони евра. Самиот голгетер е подготвен да прифати и помала плата за да се врати назад во Европа и на „стариот континент“ да ја заврши својата блескава кариерата, уште повеќе за тренер како Мурињо со кого одлично соработуваше во Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

