Селекторот на Португалија беше мета на грабеж, штетата над 1 милион евра

Домот на селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез беше ограбен во саботата.

Португалска „А Бола“ објави дека криминалци влегле во резиденцијата на тренерот во Кашкаиш. Украдени се накит и часовници во вредност од повеќе од еден милион евра.

Се верува дека крадците влегле во имотот низ кујната. Во тој момент, лицето кое се грижи за куќата било во подрумот. Тој подоцна го открил нередот и исчезнатите работи. Селекторот Мартинез не бил дома за време на грабежот.

Се вчитува...