Почина легенда на чешкиот фудбал

Легендарниот чешки фудбалер Јан Лала почина на 87-годишна возраст. Со репрезентацијата на Чехословачка освои сребрен медал на Светското првенство во Чиле во 1962 година.

Јан Лала одигра 37 натпревари за репрезентацијата и постигна еден гол. Само двајца членови на тогашната чехословачката репрезентација од Светското првенство во 1962 година сега се живи – Словакот Јозеф Штибрани и Чехот Вацлав Машек.

Во Чиле, Лала учествуваше во сите натпревари, освен во финалето против Бразил, кое го пропушти поради повреда.

Лала е меѓу најславните фудбалери на Славија Прага. За овој тим одигра 402 натпревари.

Се вчитува...