Лионел Меси важи за фудбалска икона и во Мајами, но не сите гледаат идила во тимот на Интер. Причината е организацијата во клубот.
Поранешниот фудбалер на Лидс, Матеуш Клих објасни дека Интер Мајами не се грижи за организацијата на клубот и дека најголем проблем е Лионел Меси.
„Не препорачувам да одите во Интер Мајами додека е таму Меси. Тоа е катастрофа. Луѓето го напуштаат тој клуб, тренери, физиотерапевти. Организациски, клубот е многу лош. Во суштина, таткото на Меси е тој што раководи со Интер Мајами. Сите таму зборуваат шпански и ништо не може да се направи без одобрение на Меси. Покрај тоа, самиот клуб всушност се наоѓа 45 до 50 минути надвор од Мајами“, изјави Клих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

