Фински фудбалер осуден на осум години затвор поради трговија со дрога

Поранешниот фудбалер во финската прва лига, Алберт Кучи кој има албанско потекло, е осуден на осум години затвор поради трговија со дрога.

Финските медиумите пренесуваат дека обвинителот утврдил дека Кучи заедно со други лица илегално поседувал, препродавал и дистрибуирал кокаин низ Финска. Кучи имал неколку складишта за дрога, а продажбата почнал на крајот на минатата година, а траела и во текот на 2025 година.

Албанскиот фудбалер во кариерата играше за екипи како Хака, Хонка, ПК-35, а е брат на далеку попознатиот фински фудбалер Шефки Кучи кој во кариерата играше и во Премиерлигата.

Се вчитува...