Мурињо планираше да го врати Бензема во Европа, но следуваше „студен туш“ за навивачите

Жозе Мурињо го имаше првиот „кикс“ на клупата на Бенфика, откако одигра само 1:1 против Рио Аве на домашен терен. Тоа ги подгреа шпекулациите дека Португалецот ќе тргне по звучни зимски засилувања.

Едно од нив кое се споменуваше е Карим Бензема, со кого соработуваше во Реал Мадрид. Имаше шпекулации дека сегашниот играч на Ал-Итихад би можел да направи „кам-бек“ во Европа, со што навивачите беа воодушевени. Меѓутоа веднаш потоа следуваше „студен туш“ од Мурињо.

Не размислувам за јануарскиот преоден рок. Нагласив дека Бенфика има добар тим и сè уште стојам зад тоа мислење. Тројцата напаѓачи се многу добри, но кога играте против силен одбранбен ѕид, што е случај со Рио Аве, тогаш не можете лесно да се поврзете. Понекогаш присуството на таков напаѓач вреди за гол. Јасно е дека во моментов го немаме тоа, но не размислуваме за јануари. Мојата работа не е да барам ништо, туку да го туркам постоечкиот тим до крајни граници. За Бензема, првопат слушам дека има можност да дојде кај нас. Кога игравме пријателска средба против нив додека бев во Фенербахче, разговарав со него и последното нешто кое размислува е враќање во европскиот фудбал. Сигурен сум дека ќе остане таму“, рече Мурињо

Се вчитува...