ЕВРО 2032 година ќе се одржи во Италија и Турција, ЕВРО 2028 година во Англија, Ирска, Шкотска и Велс, а УЕФА наскоро ќе почне разговори за домаќинство на ЕВРО 2036 и 2040 година.
Скандинавија има кандидатура за ЕВРО 2040 година, и таа се издвојува по многу аспекти. За првпат во историјата пет земји би можеле да бидат домаќини. ЕВРО 2020 година се одржа во неколку европски градови, а во 2040 година може да има пет земји, што никогаш не се случило. Домаќини би биле Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.
Натпреварите би се играле во Стокхолм, Гетеборг, Копенхаген, Архус, Осло, Ставангер, Хелсинки, Тампаре и Рејкјавик.
Инфраструктурата во Скандинавија се подобрува, а повеќето од споменатите градови имаат модерни стадиони.
Исто така, комуникацијата при патување е одлична, а натпреварите во далечниот Исланд би биле посебен предизвик. Секако, сето ова е сè уште во фаза на планирање и ќе видиме дали овој кандидат ќе оживее.
Интересна е кандидатурата за ЕВРО 2036 година, во која се вклучени неколку балкански земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

