Спалети и Чави кандидати за клупата на Ал-Итихад

Поранешниот селектор на Италија , Лучијано Спалети, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Тимот на Ал-Итихад го разгледува Италијанецот како можна опција и потенцијална замена за Лоран Блан, кој неодамна доби отказ од оваа позиција.

Покрај Спалети, во комбинација е и поранешниот тренер на Барселона Чави, како и екс тренерот на Милан, Серхио Консеисао.

Чави беше кандидат и за тренерското место на Баер Леверкузен, меѓутоа на крајот ја одби можноста да седне на клупата на „фармецевтите“.

Се вчитува...