Алвеш: Кристијано е голем човек, ми го спаси животот кога сите ми го свртеа грбот

Дани Алвес, легендарниот бразилски фудбалер пред самиот крај на пребогатата кариера го потресе голем скандал за силување во ноќен клуб во Барселона поради кој помина и неколку години во затвор. Беше прогласен и за виновен, но подоцна неговата казна беше поништена од страна на Апелацискиот суд.

Поради скандалот Алвеш остана без семејството и финансиите соочувајќи се речиси сам до проблемите. Сега откри интересна приказна за единствениот човек кој му дал поддршка – легендарниот ривал Кристијано Роналдо, кој како што вели е причина зошто денеска се уште е на нозе.

„Кога излегов од затвори Роналдо застана до мене. Ми даде да живеам во еден негов апартман, ме поддржа и дури им помогна на моите адвокати да ми ги одблокираат сметките. Ме бара често и ме прашува дали ми треба нешто.

Ми рече „Споделивме многу убави моменти заедно во фудбалот и и даде на играта многу. Нема да те оставам да патиш. Ти си легенда и заслужуваш подобро. 

Ако не беше тој денеска може ќе бев на улица. Тој е причината зошто се уште сум на нозе“, изјави Алвес.

Се вчитува...