Томас Милер стана најтрофеен германски фудбалер на сите времиња

Томас Милер и официјално е најтрофеен германски фудбалер на сите времиња откако легендарниот офанзивец се закити со првиот пехар во дресот на Ванкнувер вајткепс.

Милер и Ванкувер славеа со 4-2 во финалето на Купот на Канада и четврта година по ред го освоија овој трофеј. Милер во пресрет на финалето беше израмнет со пензионираниот Тони Крос со по 34 пехари на делба на врвот во оваа категорија во германскиот фудбал, а успехот со Ванкувер го искачи осамен на првото место на оваа листа.

Ветеранот даде значаен придонес постигнувајќи еден гол и една асистенција, а погодокот беше јубилеен, број 300 во неверојатната кариера на Томас Милер.

Од вкупно 35-те трофеи во кариерата, Милер освои 33 со Баерн Минхен, а покрај оваа денешната со Ванкувер последниот трофеј е и оној најважниот – светски првак со репрезентацијата на Германија.

Се вчитува...