Премногу кратко траеше авантурата на Ерик тен Хаг во Баер Леверкузен откако Холанѓанецот доби отказ по само неколку во овој клуб, но последните информации говорат дека Те Хаг е блиску до нов ангажман, и тоа во неговиот поранешен клуб Ајакс.
Холандскиот гигант од сезонава е предводен од Џони Хеитинга, но резултатите се далеку под очекувањата, Ајакс е моментно трет во домашното првенство, додека во ЛШ претрпе два пораза без притоа да постигне ниту еден единствен погодок. Хеитинга дојде во Амстердам откако лани му беше асистент на Слот во Ливерпул, поранешниот дефанзивец не се снајде најдобро на „Јохан Кројф“ арена и би можел да си замине до крајот на овој месец, ако резултатите по репрезентативната пауза не тргнат а подобро.
Првиот контакт на управата на Ајакс со Тен Хаг е веќе остварен, кај двете страни постои расположение за поконкретни разговори, а Тен Хаг чека да ја види и финансиската понуда, ако се знае дека тој би заработил над шест милиони евра и доколку остане дома, бидејќи се уште е под договор со Баер Леверкузен.
Сепак, предизвикот повторно да се работи во клуб како Ајакс е голем, ако се знае дека Тен Хаг токму во овој гигант ги направи најдобрите резултати во кариерата, стигнувајќи до трофеи во Холандија, но и до полуфиналето во Лигата на Шампионите.
Првиот мандат на Тен Хаг во Ајакс траеше од 2017 до 2022 година и заврши кога тренерот замина во Манчестер Јунајтед, по што работите и за него и за Ајакс тргнаа во надолна линија. Дали е дојдено време за нова соработа и враќање на победнички патеки…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

