Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата дебитант на СП 2026

Фабио Канаваро имаше блескава кариера како играч, Италијанецот не се прослави како тренер на Удинезе и Динамо Загреб, но славниот дефанзивец сепак најде нов ангажман – како селектор на репрезентација што ќе биде дел од претстојниот мундијал што следната година ќе се одржи во САД, Канада и во Мексико.

Узбекистан е репрезентацијата што Канаваро ќе ја води на СП 2026, откако денеска и официјално потпиша договор со кој застанува на чело на овој национален тим.

Узбекистан за првпат во историјата обезбеди мундијалски пласман, најзаслужен за тоа беше поранешниот македонски селектор Среќко Катанец, но Словенецот поради болест мораше да се откаже од функцијата, а изборот за негов наследник падна токму врз Канаваро.

Се вчитува...