Репрезентативците на Франција се појавија на првиот собир во пресрет натпреварите против Азербејџан и Исланд во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.
Сите погледи се вперени кон фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга поради неговиот стајлинг за кој стана хит на социјалните мрежи. Французинот се појави на собирот со сива јакна кроена како сако, со широки црни панталони и црни кожни обувки и кожна црна торба па предизвика лавина на интересни коментари.
„Баба ми се облекува така за неделната миса“, „Што се случува со Французите кога ќе дојде време за репрезентативна пауза?“, „Братот станал од спиење и ја облекол облеката на жена му“, „Изгледа како шаховска фигура“, се само дел од коментарите.
🇫🇷 Eduardo Camavinga at Clairefontaine. pic.twitter.com/BmL6BMi6d4
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

