И покрај пишувањата дека Стивен Џерард ќе се врати на клупата на Глазгов Ренџерс, и да го наследи отпуштениот Расел Мартин, денеска британските медиуми пишуваат дека во комбинација за клупата е и хрватскиот тренер Славен Билиќ.
Билиќ бил предлог од лице блиско до клубот, а откако не успеа да седне на клупата на Вест Хем, кој го назначи Нуњо Еспирито Санто, сега е во комбинација и за славниот шкотски тим.
Токму меѓу овие двајца ќе се одвива трката за нов тренер на нашиот Бојан Миовски, кој се врати во Шкотска после една неуспешна сезона во Шпанија во дресот на Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

