Аргентина завиена во црно: Тренерот на Бока јуниорс ја загуби битката со тешката болест

Аргентинскиот фудбал тагува по Мигел Анхел Русо, откако трофејниот тренер на Бока јуниорс ја загуби битката со тешката болест на 69-годишна возраст.

Русо во три периоди ја водеше екипата на Бока, првпат во 2007 година, а последен пат се врати на кормилото во јуни годинава и беше тренер на Бока на клупскиот мундијал што летово се одржа во САД.

Тој краток период работеше и во Ал Наср во Саудиска Арабија, а водење и клубови во Чиле и во Перу, но најголемите успеси ги оствари како предводник на Бока јуниорс.

„Со огромна тага објавуваме дека почина нашиот тренер Мигел Анхел Русо. Мигел остави огромна трага врз нашата институција и секогаш ќе биде пример за среќа, топлина и посветеност. Нашите срца во овие тешки моменти се со неговото семејство“, се вели во објавата на Бока јуниорс.

Се вчитува...