Голема глупост на голманот на Летонија за подарок реми за Андора (ВИДЕО)

Фудбалерите на Летонија и Андора ремизираа (2-2) во Рига во натпреварот од квалификациската група К за Светското првенство во 2026 година.

Гостите од Пиринеите стигнаа до првиот бод во овој квалификациски циклус на необичен начин.

А, најпрво Андора поведе кога Сан Николас погоди во 33-тата минута. Летонија успеа да направи пресврт со головите на Зеленковс во 41. минута и Гутковскис во 55. минута од пенал, но не и да триумфира.

Андорците ремизираа со гол благодарение и на киксот на домашнио голман, кој ја пропушти топката да му помине низ нозете по ударот со глава на Оливеира во 78. минута.


Се вчитува...