Бугарите демолирани од Турција: Шест „парчиња“ среде Софија (ВИДЕО)

Бугарија продолжува со катастрофалните квалификации за СП 2026, доживувајќи убедлив пораз од Турција од 1-6 во третиот натпревар останувајќи без ниту еден бод во Групата Е.

На дуелот кој се играше на „Васил Левски“ во Софија, Турците поведоа со голот на Гулер уште во 11. минута.

И, иако Бугарите израмнија преку Кирилов во 13. минута, потоа доживеаја целосен потоп. Во второто полувреме, автогол на Попов, а потоа два гола на Јилдиз и по еден на Челик на Кавечи за убедлива победа на Турција од 1-6.

Во оваа група, Шпанија славеше со 2-0 против Грузија со головите на Пино и Ојарзабал.

Се вчитува...