Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси во изјава за српските медиуми веднаш по поразот од Албанија од 0-1 во квалификациите за СП 2025, индиректно најави заминување од селекторската функција.
Легендарниот Пикси истакна дека ја прифаќа одговорноста, дека сиот овој период работи под тежок притисок и подготвен е да ги сноси сите консеквенции од овој неуспех.
„Ниту во еден момент пред овој натпревар не помислував дека можеме да го загубиме овој натпревар. Затоа ја прифаќам на мене целата одговорност за овој неуспех. А тоа значи дека ги прифаќам и сите консеквенции, како резултат на овој пораз. Мора да кажам дека сиот овој период работам под тежок притисок, и покрај сите претходни успеси кои ги имавме. Но, сега дури и живеам со сериозни навреди и на моето име, и факт е дека повеќе не може да се работи под еден таков притисок. А, прифаќајќи ја одговорноста и по еден ваков пораз, се е јасно кон што ќе се одвиваат нештата“ – истакна Пикси по натпреварот во Лесковац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

