ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Авионот со фудбалерите на Нигерија имал итно слетување поради пукнато стакло

Инцидент на репрезентацијата на Нигерија за време на лет. Играчите на нигерискиот национален тим се враќале од гостувањето кај Лесото и требаше да отпатуваат во својата земја каде што ќе го чекаат Бенин во квалификациите за пласман на Светското првентво.

Меѓутоа авионот доживеал инцидент откако му пукнало ветробранското стакло на пилотот, по што било наредено итно слетување на аеродромот „Луанда“ во Ангола.

Завладеала паника меѓу играчите, меѓутоа авионот безбедно слетал на аеродромот, и по неколкучасовно чекање на аеродромот, повторно полетале и утрово околу 8 часот безбедно стигнале во Ујо, главниот град на провинцијата Аква Ибом во јужниот дел на земјата, каде што ќе се игра мечот.

По инцидентот се огласија и од Галатасарај, од каде доаѓа играчот Виктор Осимен, но и Бешикташ, кои потврдија дека авионот со репрезентацијата на Нигерија имал инцидент.

Се вчитува...