Меси постигна два гола и една асистенција против Атланта и стана лидер на листата на стрелци

Аргентинскиот ас Лионел Меси постигна два гола и имаше една асистенција за неговиот Интер Мајами на натпреварот против Атланта Јунајтед (4:0).

Напаѓачот на Интер го постигна својот 26-ти гол во МЛС сезоната и се искачи на првото место во трката за стрелци, два гола пред Денис Буанга од Лос Анџелес .

Вкупно, Меси одигра 27 натпревари во тековната регуларна сезона, а покрај 26 гола, зад неговото име запиша и 15 асистенции.

Се вчитува...