Кристијано Роналдо не се откажува од репрезентативниот фудбал, иако многумина се на мислење дека неговото време во Португалија одамна е поминато. Неговите катастрофални бројки и статистика на последниот натпревар против Ирска се во прилог на тоа.
Роналдо не постигна гол, ниту асистираше, немаше никакви клучни додавања, промаши пенал, една голема шанса, имаше само еден обид за дриблинг и беше неуспешен, а ги загуби сите три дуели.
Португалците ја победија Ирска со 1:0, со голот на Рубен Невеш, а за да биде уште полошо, имаа дури 30 удари кон голот, а Роналдо имаше толку слаб настап.
И покрај сето тоа, Кристијано го одигра целиот натпревар, 90 минути.
Вчера по мечот со Ирска се појавија многу дилеми, а многумина од фановите се прашуваат, дали треба славниот фудбалер да заврши со репрезентацијата?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

