После победата од 4-0 над Црна Гора, што беше најубедлива во историјата на Фарски Острови, оваа мала островска држава вечерва ги освои трите бода и против Чешка во квалификациите за пласман на Светското првенство по победата со 2-1.
На вештачка трева во Торшавн, „фараните“ дојдоа до предност со голот на Соренсен во 67. минута после противнапад. Карабец во 78. минута успеа да го пробие бункерот на домашните, а кога се чинеше дека ќе тргнат по победата, за Чесите следуваше нов шок.
Агнарсон само три минути подоцна ја користи катастрофалната грешка на одбраната на Чешка, и носи предност од 2-1, и конечна победа на Фарските Острови.
Репрезентацијата на Холандија со убедливи и лесни 4-0 ја совлада селекцијата на Финска и е блиску до освојување на првото место на табелата во групата и пласман на Мундијалот. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога „лалињата“ имаат предност од 3-0 со головите на Мален, Ван Дајк и Депај од пенал. Во вториот дел Гакпо ги постави конечните 4-0.
Шкотска со 2-1 ја совлада Белорусија, а во првиот меч Кипар победи на гостувањето кај Сан Марино со 0-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

