Вељко Пауновиќ, Владан Милојевиќ, Зоран Мирковиќ или некој друг…? Србија е во потрага по селектор после оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, а медиумите веќе беа сигурни дека тоа ќе биде Пауновиќ, доскорашниот тренер на Овиедо. Сепак, најновите информации велат нешто сосема друго.
Владан Милојевиќ, сегашниот тренер на Црвена Звезда сега е прв пик за селекторската позиција. Српски „Журнал“ пишува дека на седница на Управниот одбор во петок, токму Милојевиќ ќе биде назначен за нов предводник на селекцијата на нашиот северен сосед.
Зоран Мирковиќ ќе ја води селекцијата на гостувањето кај Андора, а потоа ќе биде назначен нов предводник. Покрај овие три имиња, се споменува и името на Дејан Станковиќ, сегашниот тренер на Спартак Москва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

