На прагот на пласман на СП: Белгија демонстрираше моќ против Велс

Белгија изби на првото место во групата „Ј“ во која е и Македонија откако во петтиот натпревар од квалификациите за Светското првенство славеше со 2-4 на гостувањето кај Велс. На тој начин, со овој триумф Белгијците веќе го трасираа патот кон првото место во групата, со оглед на тоа што до крајот имаат уште два натпревари на кои се огромни фаворити. Па, за македонската селекција и триумф над Казахстан веројатно малку ќе значеше во битката за првото место во групата.

Домаќините први стигнаа до предност по голот на Родон во 8. минута, но веќе до полувремето Белгиците направија целосен пресврт. Де Брујне од пенал во 18. минута изедначи на 1-1, а во 24. минута Муние постигна гол за 1-2.

Де Брујне го реализираше и вториот пенал за Белгија во 76. минута од средбата, а откако Бродхед успеа да намали на 2-3 во 89. минута, трите бода за гостите ги потврди Тросар само минута подоцна.

Сега Белгија е лидер на табелата со 14 освоени бодови, а Македонија по ремито со Казахстан падна на втората позиција со еден бод помалку. Велс е на третата позиција со 10 освоени бодови, но и натпревар помалку од Македонија.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...