Тухел: Тие што не се тука единствена цел треба да им е да сакаат да се вратат во репрезентацијата

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел изјави дека играчите кои не беа повикани за октомвриските натпревари мора да бидат мотивирани од „желбата за враќање“ во репрезентацијата.

Тухел ги изостави Џуд Белингам, Фил Фоден и Џек Грилиш од списокот на националниот тим овој месец. Англија го победи Велс со 3-0 во пријателски натпревар на Вембли, а денеска ќе се соочи со Летонија во Рига во квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година.

„Што треба да чувствуваат оние кои не се во составот кога ја гледаат Англија како игра? Да сакаат да се вратат, да сакаат повторно да бидат дел од тимот“, рече Тухел.

Се вчитува...