Во Кардиф ќе не пречекаат глувци на мечот против Велс (ВИДЕО)

Белгија славеше против Велс со 2-4 во Кардиф и со тоа ја презема првата позиција во квалификациите за СП. На овој меч се појавија и неочекувани гости, а натпреварот за момент беше прекинат поради стаорец на теренот.

Судијата за момент го прекина мечот во 66. минута затоа што на теренот влезе голем глушец. Офанзивецот на Тотенхем, Бренан Џонсон ја спаси ситуацијата, го избрка непоканетиот гостин од теренот и натпреварот можеше да продолжи.

Македонија во последното коло ќе му гостува на Велс, меч кој ќе одлучува за второто место во оваа група.

Се вчитува...