Полиција влезе на меч од квалификации за СП да уапси фудбалер

Крајно бизарна и речиси неверојатна сцена беше видена на натпреварот од квалификациите за зоната КОНКАКАФ за Светското првенство 2026 помеѓу Костарика и Никарагва.

Непосредно пред почетокот на натпреварот на стадионот „Ла Сабана“ во Сан Хозе, полицијата влезе во соблекувалната со налог за апсење на никарагвански фудбалер.

Причината беше обвинението за неплаќање алиментација, што подоцна го потврди и директорот за јавна безбедност на Костарика, Марлон Кубиљо.

„Од лицето кое бара алиментација е добиена судска наредба, со која се наредува апсење на член на никарагванската делегација. Делегацијата беше известена, долгот беше платен и извештајот беше испратен до семејниот судија“, изјави Кубиљо.

Сепак, не беа извршени апсења бидејќи долгот беше веднаш подмирен, а полицијата се повлече.

Се вчитува...