Поранешниот менаџер на Брајтон , Челзи и Вест Хем, Грем Потер, наводно е заинтересиран да ја преземе функцијата селектор на шведската репрезентација. Претходно денес беше откриено дека сегашниот селектор на Шведска, Џон Дал Томасон, доби отказ по поразот од Косово во понеделник со 1-0. Данецот е критикуван поради неговата бледа игра во репрезентацијата, победувајќи само на девет од 18 натпревари како тренер.
Кандидатурата на Потер не е изнандувачка, со оглед дека уште пред Томасон да седне на селекторското столче, тој се поврзуваже со Шведска, а згора на тоа има седумгодишно искуство со работа во оваа земја, откако од 2011 до 2018 година беше тренер на Остерсунд.
Во целата приказна се вклопува и посетата на Потер во Шведска, меѓутоа тој негира.
„Моментално сум во Шведска бидејќи имам куќа тука. Без работа сум, но отворен сум за нови понуди“, рече Потер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

