Неверојатно е она што го игра, односно не игра Србија во овие квалификации. После поразот од Албанија и смената на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, Србите отпатуваа на „рехабилитација“ во Андора, но имаа кошмарен старт на натпреварот.
Лопез во 17. минута од речиси половина терен успеа да го совлада Петровиќ, и да донесе шокантно водство за домашните.
Голот на Лопез може да го видите на следниот ЛИНК.
Меѓутоа на среќа на Србите Гарсија после две минути си постигна автогол по изведен корнер, па сега мечот почнува „од почеток“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

