Репрезентацијата на Аргентина покажа сила и го победи Порторико со 6-0 во пријателски натпревар. 155-тата репрезентација на ранг-листата на ФИФА беше лесен залак за Меси и неговите другари. Алексис Мекалистер и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, а Лео Меси имаше две асистенции.
Веќе во 14-тата минута, по акцијата во која Меси ја погоди пречката, а од таа одбиена топка Мекалистер погоди за 1-0.
Во 23-тата минута, Меси во свој стил се проби низ противничката одбрана, а Монтиел постигна волеј за резултат од 2:0. Пред паузата, Мекалистер постигна уште еден гол за 0:3.
Во вториот дел, продолжение на приказната – Ечаварија си постигна автогол во 64-тата минута, а потоа на сцена стапи Лаутаро Мартинез. Во 79-тата минута, тој постигна гол по асистенција од Нико Гонзалез, а во 84-тата, Меси со петица го проигра Лаутаро, кој стрелаше за конечни 6:0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

