Приказната за суровата страна на фудбалот и саудијските пари….! (ВИДЕО)

Приказната за Симон Бубре и неговиот настап на Светското првенство до 20 години е, се чини, нешто досега нечуено во светот на спортот. Големиот француски талент го напушти Монако ова лето на 18-годишна возраст и се упати кон тимот на Неом во Саудиска Арабија, кој работеше напорно на засилувања од Лига 1 како подготовка за дебитантска сезона во Про лигата во својата земја.

Натан Зезе, Булка, Амаду Коне, Саид Бенарма и Александар Лаказет го засилија исто така Неом, на покана на поранешниот шеф на ПСЖ, Кристоф Галтие. И Бубре отиде по нивниот пат, но тоа е одлуката за која и тоа како жали, иако нема сомнение дека само еден поглед на банкарската сметка ги решава сите негови проблеми.

Момчето од Сент Етјен требаше да им помогне на младите „триколори“ да ја освојат титулата светски шампион во Чиле оваа есен, но на делумно бизарен начин, клубот го спречи во тоа.

Бидејќи репрезентативната пауза официјално не стартуваше за време на групната фаза, играчот од средниот ред не доби дозвола од Неом да се приклучи на националниот тим од стартот на првенството.

Па, дури со почетокот на нокаут фазата, конечно дојдоа неговите пет минути. Патуваше долг пат, учествуваше во победата над Јапонија во трилер осминафиналето, а потоа со два гола против Норвешка беше најзаслужен за пласманот во полуфиналето.

Но, сега следеше уште еден студен туш. Репрезентативната пауза заврши, а Бубре мораше да се врати во клубот затоа што повторно не му даде дозвола да игра во последните два меча на Светското првенство.

Па, вечерва од 22 часот, Бубре ќе мора да ги гледа своите соиграчи на малите екрани во полуфиналето на Франција против Мароко на Светското првенство за фудбалери до 20 години. Бубре не можеше да ја избегне суровата страна на фудбалот и „влијанието“ на парите во модерните времиња.

Се вчитува...