Најголемите „лузери“ во квалификациите: До последното коло лидери во групата, а на крај останаа и без бараж!

Девет репрезентации од африканските квалификации го слават својот пласман на Светското првенство, девет победници во групите се во игра, второпласираните ќе одат во плејофот, а за останатите важи утехата – повеќе среќа следниот пат.

Но, секако најмногу може да жали селекцијата на Бенин, која пред последните 90 минути од квалификациите беше лидер во групата Ц, пред Јужна Африка и Нигерија, со 17 бода, два повеќе од ЈАР и три повеќе од Нигеријците.

Целиот труд до последното коло Бенин го потроши против Осимен и неговиот тим на „Годсвил Акпабио“ во Ујо, каде што токму Осимен ја потпиша пресудата за гостите со хет-трик и триумф на Нигерија од 4-0.

Дури и нерешен резултат беше доволен за Бенин да се избори барем за бараж, секако победа ќе ги однесеше директно на првото Светско првенство во историјата, но сè тргна наопаку за оваа селекција, како во натпреварот што го играа самите, така и на другиот дуел каде Јужноафриканската република ја победи Руанда со 3-0.

Па, на крајот, Јужноафриканската Република директно се пласираше на Светското првенство, Нигерија оди на меѓуконтиненталниот бараж, а Бенин остана длабоко разочаран од таквиот епилог.

Се вчитува...