„Роналдо ќе го постигне 1000-тиот гол во октомври 2026 година“

Кристијано Роналдо својот гол број 1000 ќе го постигне во октомври 2026 година.

Ова предвидување од „Скај Спортс“ врз основа на настапот на 40-годишниот фудбалер на Португалија и на саудисјскиот Ал Насар.

Изданието предвидува дека Португалија со Роналдо во составот ќе игра и на Светското првенство идната година, а исто така дека напаѓачот ќе го одработи договорот со Ал Наср, кој е со важност до 2027 година.

Во моментов Роналдо има 948 голови (143 за репрезентацијата и 805 за клубовите), што го прави убедливо најдобриот стрелец на сите времиња, и постави рекорди кои се тешко достижни.

Се вчитува...