Меси е „недопирлив“: „Златна копачка“ и МВП во американската лига

Лео Меси ја продолжи својата доминација во МЛС-лигата откако аргентинскиот ас блесна и во последното коло од регуларниот дел од сезоната, постигнувајќи хет-трик за Интер Мајами во убедливата победа од 5-2 над Нешвил.

Со тоа, Меси стигна до бројката од 29 постигнати погодоци во МЛС и просек од повеќе од еден гол по натпревар ако се знае дека тој поради повреда настапи на само 28 средби за Интер Мајами сезонава. Исто така, аргентинскиот генијалец има и 19 асистенции, уште еден доказ за фантастичната форма во која ја одигра целата сезона.

Меси покрај „златната копачка“ ќе го добие и признанието за МВП на регуларниот дел на сезоната, со што Аргентинецот ќе стане втор во историјата на МЛС што две години по ред стигнал до оваа награда, по американскиот ас Лендон Донован.

Интер Мајами го освои третото место во Источната конференција, а прв ривал во плејофот ќе му биде токму Нешвил, тимот на кој Меси синоќа му даде хет-трик.

Се вчитува...