Хорор вест од Гана: Киднапери убија млад сенегалски голман

Младиот сенегалски голман, 18-годишниот Шеик Туре е пронајден мртов во Гана. Постои сомнеж дека фудбалерот е жртва на превара и изнуда пред убиство.

Тинејџерот неодамна пристигна во Гана со цел да ја започне професионалната кариера, но заврши жално по киднапирање и барање на откуп од страна на родителите на несреќното момче.

Медиумите во Африка пренесуваат дека семејството не успеало на време да ги собере финансиите потребни за негово ослободување.

Се вчитува...