Абрамович нема план да го купи Галатасарај или кој било друг клуб

Во последните неколку недели се појави информација дека поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович имал планови да инвестира во турскиот гигант Галатасарај. Сега сите тие наводи се демантирани во изјава на човек близок до рускиот милијардер.

Според изворот, откако го продал Челси, Абрамович повеќе нема никаков интерес за фудбалот, и никогаш не присуствувал на фудбалски меч, ниту водел преговори за купување на турскиот клуб, ниту за било кој друг клуб.

Медиумите претходно објавија дека Абрамович планирал да стекне контролен пакет акции во Галатасарај.

„Информацијата не е точна. Абрамовиќ ниту купува, ниту планира да инвестира во ниту еден фудбалски клуб“, рече преставникот на бизнисменот.

Се вчитува...