Лионел Меси за многумина е најдобар светски фудбалер на сите времиња, аргентинскиот генијалец веќе две децении воодушевува со мајсториите на терените, но Дидие Дрогба го памети Меси по една друга работа, многу поважна од фудбалот.
Дрогба веќе со години е фудбалски пензионер, но неодамна реши да проговори за човечката големина на Меси, демонстрирана на дело пред петнаесет години.
„Многумина зборуваат за неговите голови на теренот, но јас бев сведок на најважниот погодок што Лео го реализираше – и немаше никаква врска со фудбалот. Снимавме реклама во Африка пред СП 2010, а Лео забележа деца од едно африканско дело како пијат нечиста вода. Беше шокиран, му објаснив дека тоа е дел од секојдневието во голем дел од Африка, а тој само неклку дена подоцна ги донираше сите пари од таа реклама за да му помогне на селото. Беа изградени бунари за чита вода, потоа и училиште, болница и спортски терен, а она што најмногу ме импресионираше – тој инсистираше да не се дознае дека парите доаѓаат од него. Неколку месеци подоцна, испрати свој тим за да провери дали парите се пристигнати, но и дали се инвестирани на вистински начин. Кога се видовме подоцна го прашав зошто не кажа дека ти си човекот што им помогна на сите тие луѓе. Само ми кажа: Затоа што на Африка и се потребни дела и акција, а не „ѕвезди“. Верувајте ми, најубавите голови на Меси не се во мрежите на голманите, туку во срцата на оние кои воопшто не разбираат што е фудбал, а на кои тој несебично им помогна“, обелодени Дрогба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

