Вест Хем врза две победи, сигурен и Евертон

Вест Хем за првпат сезонава успеа да врзе две победи во Премиер-лигата откако „чеканите“ триумфираа на домашен терен над Барнли со 3-2. „Чеканите“ дури и први примија гол, но покажаа карактер и со резултатски пресврт дојдоа до посакуваните бодови на денешниот дуел.

Ветеранот Вилсон погоди во клучен момент пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел мечот го решија замените на Нуњо Еспирито Санто. Соучек беше стрелец на водечкиот гол за 2-1 по една слаба интервенција на Дубравка, а гостинскиот голман потфрли и неколку минути подоцна, кога по неговата одбиена топка Вокер Питерс од два метра ја смести во мрежата за конечните 3-1. Барнли вториот гол го постигна буквално во последните секунди од мечот, преку Кален по големата грешка на голманот Ареола.

Сигурен пред своите гледачи беше и Евертон, славејќи против Фулам со 2-0. Геје го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, а печат на триумфот во вториот дел стави дефанзивецот Кин.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...