Огромен проблем за Реал Мадрид и Белгија: Се повреди Тибо Куртоа

Голманот на Манчестер Јунајтед, Тибо Куртоа заработи повреда поради која нема да може да игра за Белгија во квалификациите за Светското првенство.

Станува збор за повреда на препоните, но сериозноста на истата засега останува непозната. Белгија и Реал Мадрид нема да ризикуваат па тој дефинитивно нема да биде дел од престојните квалификациски натпревари со кои ќе се комплетира групата во која е и Македонија.

Оваа сезона Куртоа не пропушти ниту еден натпревар за Реал Мадрид и Белгија.

Се вчитува...