Белгија ќе го заверува Мундијалот без Куртоа

Белгискиот национален тим соопшти дека голманот Тибо Куртоа ќе се врати во Мадрид, и ќе биде подложен на специјален третман, откако голманот доживеа незгодна повреда, па така нема да биде во составот за дуелите со Казахстан на 15. ноември, и со Лихтенштајн три дена подоцна.

На Белгија, која е во група со Македонија, и е потребна уште само една победа од овие два натпревари, за и дефинитивно да го обезбеди учеството на Светското првенство идната година во САД, Канада и Мексико. Тоа се чини нема да биде проблем со оглед на противниците, па така отсуството на Куртоа и нема многу да се почувствува кај „Црвените ѓаволи“.

Избраниците на Руди Гарсија може да го заверат учеството уште во петок, ако го совладаат Казахстан, па дуелот со Лихтенштајн во Лиеж да биде само за престиж.

Се вчитува...