Бразилскиот фудбалер Оскар беше принуден да ја заврши својата фудбалска кариера. Причината се проблемите со срцето што 34-годишникот ги почувствува вчера во тренинг центарот на тимот од Сао Пауло.
Некогашниот фудбалер на Челси добро мина, затоа што оваа ситуација можела да заврши кобно, откако му се слошило во текот на тестирањата.
„Се очекува Оскар да ја заврши кариерата. Играчот од средниот ред бара начин да го раскине договорот со Сао Пауло. Му се слоши за време на лекраските прегледи. На нив присуствуваше поради тоа што му се пронајдени одредени неправилности со работата на срцето. Се е откриено во август, но доби зелено светло за настап. Така што тој ќе ја прекине кариерата“, пишуваат бразилските медиуми за ситуацијата со Оскар.
Оскар паднал наводно откако го тестирале на велосипед, по што паднал во бесознание и останал без свест две минути. Лекарите брзо реагирале и го пренеле во болница.
Оскар оваа година се врати дома после 13 години. Играле во Челси, а потоа замина во Кина каде што заработи вистинско богатство, и остана цели седум години. Во Сао Пауло имаше учинок од 21 меч со два гола и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

