Португалски репрезентативец става крај на кариерата на 32 години

Крилниот напаѓач на португалската репрезентација Рафа Силва, се подготвува да стави крај на кариерата. Сегашниот играч на Бешикташ наводно ја објавил својата намера на претседателот на клубот Сердал Адал пред дербито со Фенербахче. Сепак, менаџментот успеал да го убеди да го одигра дербито.

Силква во својата кариера играше во Бенфика, Брага и Феирензе. Играше за репрезентацијата на Португалија која во 2016 година стана европски првак. За својот национален тим има 25 натпревари.

„Имам голема почит кон тренерот и кон сите во Бешикташ. Но, донесов одлука и таа нема да се промени“, рече Рафа Силва.

Се вчитува...