Официјалнo: Манчини прифати нов клупски предизвик

Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити, Зенит… и селектор на италијанската репрезентација прифати нов предизвик во кариерата и денеска официјално беше претставен како нов тренер на катарскиот клуб Ал Сад.

Договорот е на две и пол години и овој потег воедно претставува враќање на тренерската работа по повеќе од година дена откако доби отказ во репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Постоеше можност за Манчини да се врати назад во Европа, според гласините се јавуваше како наследник на Иван Јуриќ во Аталанта, но тоа нема да биде случајот.

Се вчитува...